Живот и Стил

Еве како лесно да отворите лижавче без да се изнервирате

Еве како лесно да отворите лижавче без да се изнервирате

Три начини кои се препорачуваат за да отворите лижавче во рекордно време.

„Толку блиску, а сепак толку далеку“ е вистински опис на тешкотиите што може да ни ги предизвика едно лижавче.

Љубители на лижавчиња се особено децата, но постои начин да се избегне детската нетрпеливост и нервозното кинење на обвивката од лижавчето.

Ова е „проблем“ кој никогаш официјално не е решен, па овие ситни нервози останаа. Меѓутоа, луѓето почнаа да споделуваат начини и трикови за побрзо отворање на овој десерт. Обвивката е тука за да го заштити производот од нечистотија што е можно повеќе, но на стапчето секогаш е цврсто завиткаао и ќе се согласиме, тешко се одвиткува.

Едно решение за кое најчесто се зборува на социјалните мрежи е дека се е во вртењето. Имено, на една страна треба да го завртите дното на лижавчето каде што се собира фолијата, а на друга главата од лижавчето. Ова треба да го олабави залепениот дел и да го олесни отстранувањето на обвивката.

На стапчето има дел од фолијата што штрчи, поточно не е прилепено за остатокот. Некои сугерираат дека е најдобро само да ја отстраните фолијата од тој дел и дека, според непишано правило, тоа би било најправилниот начин да се отвори лижавчето, пренесува „Mirror.co.uk“.

Третиот начин е еден од оние „откажувања“. Многумина препорачуваат да го отворат лижавчето со ножици или со нож за да ја намалите нервозата.

Иако нервозата е моментална и заборавате на неа откако ќе ја фрлите фолијата со која сте се бореле, таа сепак често се повторува. Затоа, трпеливо подгответе се да испробате некои од триковите и пронајдете го оној кој е вистинскиот за вас.

Извор: Курир