Ако за време на настинка во организмот навлезат вируси или бактерии, поради послабиот локален имунитет тие почнуваат активно да се размножуваат на слузницата на грлото.
Микроорганизмите што ја освоиле слузницата доведуваат до воспаление, болка, гребење, горење. Во тој случај, неопходно е да се борите со бактериската флора.
За плакнење на грлото може да се користи тинктура од невен. Помешајте лажица фармацевтска тинктура во половина чаша топла вода, па со тоа плакнете го грлото два-три пати на ден. Тоа трае сѐ додека се подобри состојбата. Исто така може да се користи и аптекарска тинктура од прополис или еукалиптус.
Ако грлото е чувствително, треба да се „зајакне“. Наједноставниот начин да го направите тоа е да го исплакнете со ладна вода. Постапката правете ја двапати на ден по јадење.
извор:курир.мк