Живот и Стил

Еве како да привлечете љубов, успех, пари и здравје

Еве како да привлечете љубов, успех, пари и здравје

Фенг шуи не значи само распоред на мебелот во домот, туку претставува и филозофија која има енергија на мотивација и моќ на привлекување.

Фенг шуи ни помага да го уредиме просторот за живеење на таков начин што ќе се чувствуваме најпријатно, но и да го исполниме нашиот дом со просперитетна енергија, благосостојба и манифестација.

Ако сакате фенг шуи да стане едно од средствата за реализација на вашите желби во блиска иднина, тогаш можете да ја активирате оваа магија на креативен и интересен начин. Направете “vision board”!

Оваа едноставна техника вклучува правење табла што ќе содржи исечоци од списанија кои ве потсетуваат на вашата желба, цитати, поезија, слики или цртежи или што било што ве инспирира и мотивира да одите кон остварување на вашите соништа. На пример, ако сакате да привлечете љубов, можете да ставите романтични стихови, слики од романтични места, слики на животни во парови или да напишете афирмации за да привлечете љубов.

Важно е да изберете и добро место за фенг шуи таблата за визија. Направете индивидуална табла за секоја желба, односно посебна за љубовта и здравјето, и посебна за кариерата и парите.

Љубовната табла треба да зафаќа место на ѕидот од вашата спална соба, но важно е да не е од метал, бидејќи металот е ладен елемент, а ние љубовта ја поврзуваме со нешто топло. Исто така, таблата за кариера и пари треба да се најде во вашата работна соба, канцеларија или трпезарија.

Како да привлечете успех и пари?

Како да ги направите овие табли за привлекување и реализација на желбите?
Создавање табла за работа и пари – ви требаат метални детали и поладни бои, но важно е оваа табла да биде „активна“, односно често да ги преместувате и да ги менувате работите на неа. Додавајте нови слики, исечоци од весници и мотивациони пораки секој ден. Може да ги напишете вашите планови и амбиции на хартија и да ги обесите на таблата. Ќе ви донесе најдобра енергија ако ја ставите во северниот дел од вашиот дом.

Создавање табла за љубов и здравје – потребни ви се дрвени елементи, и важно е често да ја менувате оваа табла. Мора да биде хармонично уредена, а најдобрата идеја е да дефинирате основна визија и да изградите приказна околу неа, повремено додавајќи елементи што сметате дека се соодветни. На пример, ставете парче хартија во центарот на таблата со новата љубов, а околу него наредете ги стиховите што ви се допаѓаат најмногу, романтични афирмации, квалитетите што сакате да ги има вашиот потенцијален партнер, слики и предмети што најмногу ги поврзувате со љубов… Ако направите табла за здравје, тогаш залепете го вашиот план на исхрана, здрави одлуки и предизвици што ќе придонесат за поздрав начин на живот.

Покрај привлекувањето добра енергија, овие табли ќе ве мотивираат секој ден да работите на вашите цели и желби и со тоа да го забрзате нивното достигнување.

Важно е да не поставувате ништо со негативен контекст на „таблата за визија“.

извор:попара.мк

To top