Радио Милева
менува бизнис

Еве каде Лепа Брена ќе ги вложи парите од продажбата на „Гранд“: Ова е новиот проект на фолк дивата (ФОТО)

Еве каде Лепа Брена ќе ги вложи парите од продажбата на „Гранд“: Ова е новиот проект на фолк дивата (ФОТО)

Лепа Брена заработи повеќе од 15 милиони евра од продажбата на Гранд продукција, но парите нема да ги стави во банка, туку реши да инвестира во нов бизнис заедно нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ. Имено во нивната винарија тие ќе прават вино, еден вид розе, лосос боја, кое според неа, повеќе им е наменето на жените.

„Јас уште во 1986 година,  имав мое вино „Лепа Брена“. Денес, благодарение на мојот сопруг, започнавме нова линија и се надевам дека ќе им се допадне дамите“ – открива Брена.

Винскиот бизнис, како што дознаваме, ќе го водат Боба и Филип Живојиновиќ. За Америка, промоцијата ќе ја  работи Филип, а Боба за Хонг Конг, со цел да го освојат и кинескиот пазар.

Пејачката вели дека е многу претпазлива во бизнисот и не сака за нејзините идеи да зборува однапред.

„Ми се случуваше многу работи, а медиумите постојано ме прашуваат да кажам нешто ново. Концертот во Загреб беше многу успешен, како и театарската претстава што ми ја посветија на Битеф. Не сакам да престанам да работам и сакам да им помагам на моите пријатели и семејството. Нема да бидам само мајка и готвачка“ – искрена е една од најголемите ѕвезди на Балканот по премиерата на претставата „Лепа Брена проџект“.

 

Останати вести од Радио Милева