Возењето автомобил налето може да биде вистински предизвик, ако внатре возите мали деца или бебиња. Како што температурите растат, бараме решенија за разладување, па често посегнуваме и по клима-уредот во автомобилите. Но, има неколку работи за тоа коишто треба да се имаат предвид…
1. Изладете го автомобилот пред возењето
Првиот совет е да се обрне внимание на тоа – каде го паркирате автомобилот лете? Ако има можност, оставете го возилото во сенка, но ако тоа мора да биде паркирано на Сонце, тогаш се препорачува да го оладите со клима-уредот, пред да го внесете детето внатре.
2. Умерени температури
Бебињата и малите деца, велат стручњаците, може да бидат во климатизиран простор, но само ако разликата во температурата внатре и надвор не е голема. Се препорачува разликата да не надминува 3 до 5 степени.
3. Прилагодете го воздухот да дува нагоре
Возењето за време на потоплите денови бара употреба на климатизација во автомобилот. Но, ако има дете во возилото, важно е да не биде изложено на воздухот од климатизерот. Најдобро е струењето да се прилагоди така што воздухот ќе дува „нагоре“.
4. Користете одвлажнување
Ако возилото е широко и просторно, прво оладете го, но потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалена влажност, и температурата од 26 – 27 степени ќе биде поподнослива.
извор: курир.мк