Актерката Ева Лонгорија обожава топло време, а сега покажа и како изгледа во костим за капење.
Таа неодамна се пофали и со своето згодно тело во бикини и уште еднаш докажа дека иако стана мајка во петтата животна деценија, сепак успеа да се врати во форма.
„Дури 20 години подоцна, таа знаеше дека црвената боја е нејзината“, напиша Ева Лонгорија за новата фотографија во црвено бикини, но и со постара фотографија во тесен фустан без прерамки од снимањето на популарната серија „Очајни домаќинки“ каде ја играше Габриела Солиз.
View this post on Instagram
Ева одбра асиметричен костим и го постави горниот дел на едното рамо украсен со златен круг кој им ласка на женските гради и го спои со долен дел во иста боја.