Живот и Стил

Еспадрилите се вечен знак за летна елеганција

Еспадрилите се вечен знак за летна елеганција

Еспадрилите со години наназад се најпопуларни обувки за летниот период, а тоа најмногу го должат на својата удобност и практичност, како и на елеганцијата што ја даваат на целиот изглед.

Еспадрилите се совршен избор доколку сакате да носите високи потпетици, но не сакате неудобни чевли. Тие можат да бидат и рамни и со платформа, а за кој и модел да се одлучите, нема да погрешите.

Летото е годишно доба во кое можеме најмногу да експериментираме со гардеробата и чевлите, а сепак да изгледаме совршено. Еспадрилите можат да се носат во секакви прилики, па така можете да ги носите на работа, на кафе со пријателите, во вечерните излегувања…

На нивната популарност дополнително ѝ дале до значење и кралицата Летиција, но и Кејт Мидлтон и нејзината сестра Пипа.

Во наредните месеци пронајдете ги вашите совршени еспадрили, но со посебен детаљ – врвки кои се врзуваат околу нозете и кои дополнително ја издолжуваат целата фигура.

Се чини дека овој модел на обувки е попопуларен од било кога и дефинитивно е главен хит на летото, што и не е чудно со оглед дека тие се омилени на шпанската кралица која ги носи во секоја можна прилика и е најдобар пример како да ги вклопите во летните аутфити.

Еспадрилите можете да ги носите со долги здолништа, фустани, но и летни панталони и шорцеви, а класичниот избор на бел фустан и модерни еспадрили е проверена комбинација за изглед кој привлекува внимание.

извор:Точка.ком.мк

To top