Не се работи за нов тренд, но сепак одново ги освојува жените во есенскиот период. Овие нијанси се повторно актуелни кога е косата во прашање.
Ако ви звучи необично, да знаете дека се работи за црвено-кафени нијанси со сјај.
Одлично прилега на сите должини на коса, а стилистите велат дека овие „црвено-златни“ нијанси може да се постигна со балајаж прамени, кои се база, а потоа се нанесуваат топли тонови за уште “потопол“ изглед.
Секако, за дополнителен ефект тука е и сјајот за кој ќе се погрижи вашиот фризер и ќе ја направи вашата коса и фризура уште повпечатливи.
Ако сакате вакви богати и слоевити нијанси, ви препорачуваме промената да ја направите кај стручно лице, за резултатот да биде посакуваниот.
А во продолжение и неколку фотографии за инспирација:
извор: точка.мк