Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите на сите времиња во Македонија, Горан Пандев денеска има посебна причина да слави. На неговата ќеркичка Ана и е роденден и таа полни четири години.
пандев во моментов е на подготовки со македонската фудбалска репрезентација за последните два меча со Австрија и Израел во рамките на квалификациите за Европското првенство, па за жал, не може да биде покрај својата убавица за „денот што го чекаме цела година“!


„Ти си нашиот живот. Среќен роденден љубов моја“!
Инаку, Пандев е татко на три деца. Највозрасниот, синот Филипо и ќерките Ана и најмалечката – Софија.