Радио Милева

Емотивна исповед на Деа Ѓурѓевиќ: „Не можев да се помрднам, а замислував како одам“

Емотивна исповед на Деа Ѓурѓевиќ: „Не можев да се помрднам, а замислував како одам“

Водителката Деа Ѓурѓевиќ пред пет месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.

По пет месеци таа повторно се врати на ТВ екраните и откри низ што поминала додека била во болница.

„Во болница сите ме прашуваа: „Од што си направена кога си толку храбра“. Имав операции за цел живот, петнаесет.  Најголема поддршка покрај мама, баба и Младен, ми беа и моите најдобри другарки. По секоја направена вежба ми велеа да направам уште и дека можам. Кога лежев и не можев да се померам, замислував како одам. Кога почнав да одам, замислував како работам. Постојано си давав нови предизвици и задачи, тоа ме туркаше напред, но дури за една година,две, како што кажаа лекарите можам да бидам она стара Деа, да се врати во нормала“ вели храбрата водителка и објасни што сфатила:

фото: дајлимотион

„Изгледа дека од мајка ми научив да бидам храбра, како ладна дама која не покажуе емоции. Мислам дека мене физички ми беше најтешко, но мислам дека на мојата мајка психички и беше најтешко бидејќи го гледаше своето дете на кое не може да му помогне. Таа не плачеше, барем не пред мене“ вели Деа.

 

To top