Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најубавите дами од балканската музичка сцена! Иако направи неколку естетски зафати, таа го задржа природниот изглед. Ј
а краси посебна харизма, а со насмевката разоружува.
Потекнува од медицинско семејство – таткото Нусрет бил кардиолог, а мајката Сенија е педијатар. Емина го изгубила својот татко на само 13 години, а многу е врзана за мајка си, па секој слободен момент во Србија го поминува со неа! Исто така, мајка и често ја посетува во Турција.
View this post on Instagram
Сопственичката на бројни хитови, кои сама ги креирала, неодоливо потсетува на мајка си, а со тоа се сложија и нејзините бројни следбеници!
-Мама кралица, напиша Емина во објавата.
Сега е јасно на кого ја наследила убавината, а вие што мислите?
фото:Инстаграм принтскрин/ Емина Јаховиќ