Радио Милева мистериозен подарок

Емина Јаховиќ славеше роденден – пејачката влезе во петтата деценија со широка насмевка (фото)

Емина Јаховиќ славеше роденден – пејачката влезе во петтата деценија со широка насмевка  (фото)

Поп-кантавторката Емина Јаховиќ вчера го прослави својот 41 роденден и на тој начин зачекори во петтата деценија од животот. Атрактивната и талентирана пејачка се пофали со интимната прослава на Инстаграм, но сите ги заинтригира огромниот букет црвени рози со кои Јаховиќ позираше пред огледалото.

Широката насмевка на нејзиното лице јасно укажува дека тоа е изненадување од драга личност, а дали пејачката е повторно заљубена или само некој и се додворува, сигурно наскоро ќе дознаеме.

Инаку, пејачката не криеше дека изминатите години минуваше низ тежок период во животот откако се разведе од долгогодишниот партнер Мустафа Сандал. Да потсетиме, Емина правдата мораше да ја бара на суд бидејќи нејзиниот поранешен сопружник не им плаќал алиментација на нивните синови, а поради тешкиот период Емина целосно им се посветила на децата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Емина Јаховиќ

To top