Промотер

Елица и Андреј Миска – дует за македонско-бугарска соработка во „После тебе“ (ВИДЕО)

Елица и Андреј Миска – дует за македонско-бугарска соработка во „После тебе“ (ВИДЕО)

Уште еден македонски изведувач се обидува да направи кариера надвор од Македонија, овој пат на музичката естрада кај источниот сосед – Бугарија.

Имено, најавениот видео запис и песната  “След теб” (После тебе) во изведба на македонскиот рапер Андреј Миске и екстравагантната бугарска пејачка Елица конечно ја доживеа својата премиера.

На својот официјален фејсбук профил Миске им се заблагодари на сите кои учествуваа во креирањето на видео записот кој несомнено претендира да биде балкански летен хит, а веќе наголемо се врти како на „Фен ТВ“, така и на останатите популарни бугарски музички ТВ канали.

Како што претходно истакна Миске, спотот е во режија на Христо Кавалов од Пловдив, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во Несебар.

Погледнете ја премиерата на најновото летно остварување на Андреј Миске и Елица.

 

To top