Радио Милева
секси бал на вода

Елеонора Миљковиќ – сродна душа со Карлеуша: Во истите мини бикини, истата поза само… наместо голем сладолед на стапче, Нора лиже џамбо лижавче! (ФОТО)

Елеонора Миљковиќ – сродна душа со Карлеуша: Во истите мини бикини, истата поза само… наместо голем сладолед на стапче, Нора лиже џамбо лижавче! (ФОТО)

Уште една тура секси фотографии на единствената Македонка која учествуваше во најгледаното регионално реално шоу „Задруга“ чија четврта сезона тукушто заврши, одново ги преплави социјалните мрежи со коментари, а машките ги наежи од возбуда, желби и копнежи…

Впрочем како и лани, кога сексапилната убавица ја покажа својата класа, откако соблечена топлес ги ловеше сончевите зраци на својата тераса!

Овој пат,  Елеонора Нора Миљковиќ сподели неколку провокативни фотографии на својот Инстаграм, на кои атрактивната скопјанка е во секси костим за капење, мини бикини кои повеќе откриваат отколку што сокриваат, ама ако, зашто расната убавица има што да понуди покаже.

По кој знае кој пат Нора го сподели својот телесен раскош со јавноста, која одново може да се увери во нејзината надареност – дар на мајката природа, со мала помош на „естетската хирургија“. Спој кој Нора ја прави ултра згодна, привлечна, пожелна и сексапилна, толку многу што дури и српските старлети не можеа да излезат со нејзината привлечност на крај, љубоморно фрлајќи се во очај.

Во оваа пригода Нора на себе носи ултра мини костим за капење, кој е веќе виден и тоа не кај било кого, туку истиот само пред некој ден го носеше и сама, најпознатата белградска „скандал дама“. Истиот модел, па дури и истата светло сина-тиркизна боја, која совршено им прилега на обете, што наведува на тоа дека Елеонора Миљковиќ е некако сродна душа со Јелена Карлеуша!?

Истите мини бикини, истата поза, само реквизитот што ја зголемува возбудата и уште повеќе бранува фантазијата, иако сличен, сепак е различен. Карлеуша лиже голем сладолед на стапче, а Нора е  со џамбо лижавче! И тоа не едно, туку две!

Новата фотосеанса на некогашната „задругарка“ не остана незабележана и од регионалните медиуми, на кои Нора им остана во меморија, па  ја објавија нејзината разголена фото – сторија!

Пиштолчето на вода не видовме како прска, но затоа Нора беше доволно „дрска“ да го употреби сиот свој сексапил и во оваа пригода да го понуди најдоброто од себе во својот бал на вода!

Убавицата го мина денот  во базенот на еден познат скопски спа ресорт, а од нејзиниот фото-рапорт може да се заклучи дека Нора или брзо учи како во шоу-бизнисот добро се плива, или случајно се соблече во ист костим за капење како белградската поп-фолк дива?

А, можеби и намерно, заради споредба: На која од двете расни убавици со бујни облини, подобро и стојат тиркизните мини бикини?

Фото:Инстаграм принтскрин/__elle.m__

Останати вести од Радио Милева