Кога на фолк пејачката Елена Велевска нешто и претставува проблем и ги оптоварува нејзините мисли, работата и секојдневието, таа тоа не го чува во себе, си ја олеснува душата и без многу заобиколување директно кажува што ја мачи.
Пред неколку дена таков беше случајот со „смарт“ телефоните за кои пишуваше дека не оттргнуваат од реалноста и не втурнуваат во еден себичен свет.
Деновиве пак пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ сподели дека има проблем со евтината роба на естрадата или како што вели оние што преку ноќ стакаат бидат пејачи.
Диретна и без влакна на јазикот Велевска „удри“ по оние кои како што вели од столар, сакаат да станат пејачи.
-Во последно време е знак дека самата сиромаштија ќе те натера да од тоа што немаш избор да се фатиш за оваа професија. Но, не е во ред ако професионално се занимаваш со овој бизнис да дојде некој му текнало сега столар е и ајде пејач ќе станувам денеска, за мене не е во ред тоа. Не е само по секоја цена да се прошеташ по дијаспората и да ги рушиш критериумите кои што години наназад некој ги поставил. Дојден е момент на пријателска база или ајде поевтино да поминиме, ќе дојдат тие за бакшиш да ги однесиме да се прошетаат. Значи тука страда професионализмот, зашто ако ја имаш доживеано како професија, ќе се бориш за доброто. Но, ако некој ти ја загрозува како што се нуди и наметнува евтината роба за да се прошета низ дијаспората, тогаш некаде лежи проблемот, вели Велевска и додава:
-Во последно време морам да бидам директна и да кажам што се ми се случуваше. Пример сакаат да им пеам на свадбена прослава и веднаш колешките се фаќаат за мојот хониорар и кога ќе сакаат на пример да виканат некој од српската естрада да биде на истата таа прослава, јас немам комплекс колку е тој договорен. Јас си зборувам за себе, хонорарот мој е за себе, мене не ми текнало преку ноќ за хонорарот мој, низ годините колку што вложувам, толку и барам да ми е исплатливо ова. Е сега има колешки кои што вчера почнале и сакаат со една одредена точка да бидат дел од самата таа прослава и веднаш јас имам проблем со оние кои што ме договараат на свадба и тоа баш со тие поевтината роба. Ама оваа се буни зошто твојот хонорар е толку, сака и нејзиниот да е толку, а со кое право се буни таа?, завршува пејачката споделувајќи го проблемот што ја мачи на професионален план, а оние кому беше упатена изјавата, веројатно самите ќе се пронајдат.
Инаку, Елена Велевска периодов работеше на новата песна „Зоро моја румена“ и спотот за истата кој го снимаше во Бугарија, а промоцијата ќе се случи нарскоро во Скопје пред медиумите.