Радио Милева борба за старателство

Елена Велевска: „Се разведов, моите деца се во Охрид, а јас во Прилеп“

Елена Велевска: „Се разведов, моите деца се во Охрид, а јас во Прилеп“

На почетокот на претходната година, фолк пејачката Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан.

Имено, таа тогаш откри дека е во тек бракоразводната постапка, а сега за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе се развела и дека нивните три деца  Софија, Марко и Калија живеат во Охрид со нивниот татко.

„Многу е потешко сега нашето гледање со децата бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп. Ете така се одлучи, но не е ништо завршено со нашето судење. Можеби така е најдобро за да не се прават стресови за децата, тие пораснаа во Охрид. Со мојот сопруг секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив. Јас и тој не сме во прашање, многу подобро функционираме разведени отколку во брак. Секогаш ќе гледаме за нивно добро. Ние имаме три деца, треба да останеме во добри односи отколку да се нарушуваат односите. Има многу поважни животи, отколку мојот и неговиот“, вели Велевска.

Таа вели дека секој слободен момент го користи за да го помине со своите деца.

Како што истакна нејзината ќерка Софија веќе е навлезена во музичките води.

„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе. Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години. Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен талент да го насочам кон нејзе бидејќи навистина вреди да се инвестира во децата, иднината ја гледам во нив“, вели пејачката.

Потсетуваме, во 2018 година првпат се појавија написи дека пејачката се разведува од сопругот. Таа тогаш откри дека овие пишувања се вистина. Меѓутоа, како што истакна пејачката по долги разговори со сопругот одлучиле да му дадат уште шанса на нивниот брак. Сепак, на крајот двојката стави крај на нивниот заеднички живот  и сега се во коректни односи.

To top