Пејачката Елена Велевска стави крај на бракот со нејзиниот сопруг Марјан, а тој го доби старалеството над нивните три деца.
Елена во една прилика изјави дека покрај тоа што не живеат заедно со децата се гледаат често и поминуваат време заедно.
Фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ ги сумираше впечатоците од 2021 година.
Велевска откри што изгуби во 2021 година.
-Што изгубив во 2021? Изгубив сė. Останав силна. Бог е тој што дава и Бог е тој што зема. Останав достојна на сė што ми се случи, на сите падови, на сите порази кои што ми беа приредени во животот, како професионално немавме работа, така и приватно. Јас велам дека во 2021 си го најдов мирот, си го вратив своето здравје, вели пејачката.
Елена откри дали се точни написите дека останала на улица.
-Оној кој што е хуман човек, ќе остане таков. Јас ќе останам хумана и пример за моите деца. Никогаш нема да исфрлам никој на улица како што бев јас исфрлена во градот кај што стекнав сė. Верувајте не ми е тешко да почнам од почеток бидејќи најважно ми е достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат на мене не гледаат од интерес и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, вели Елена и додава:
-Meне не ми е битно старателството или листот хартија кој го земал насилникот, не ми треба архива од хартија, мене ми треба топлина, јас ја имам мајчинската љубов и со ништо не може еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам. Се знае каде припаѓаат децата, тие секогаш се во моето срце и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене, вели пејачката со солзи во очите.
Таа откри и како нејзините деца го прифаќаат тоа што се развела од сопругот
-Не постои цена која би ме вратила таму зошто многу ми е поубаво да живеам во мир, се расплака Елена и побара пауза од интервјуто.
Инаку, Велевска истакна дека заедно со нејзината ќеркичка Софија снимаат дует односно имаат отпеано една македонска песна, но не откри за која нумера се работи.
фото: принтскрин/јутуб/инстаграм