Кој вели дека бројот на годините и неколку брчки плус значат старост, а не шарм?
Постојат толку многу жени кои стареат достоинствено, што за момент ќе посакате времето и на врз вас да фрли идентична магија.
Сепак, по некое непишано правило се вели дека дамите не се прашуваат за годините, а ним тоа како да тоа им одговара, па ретко ќе слушнете некоја припадничка на понежниот пол која како од пушка го изговара бројот на летата кои ги изживеала.
Фолк пејачката Елена Велевска е една од оние ретките што воопшто нема намера да сокрие дека е на прагот од петтата животна деценија. По повод нејзиниот роденден таа на профилот на Фејсбук напиша:
-Добро дојдовте 39, пишува пејачката откривајќи ги годините со кои гордо се носи!
Лајковите и честитките се редеа до недоглед во кои се пишуваа само убави зборови и желби до славеничката.
Инаку, Елена Велевска неодамна ја издаде песната „Зоро моја румена“, за која снимаше и спот во Бугарија, а песната е поразлича од сите досегашни.
Доколку не сте ја слушнале, направете го тоа од видеото во продолжение: