Сите го испративме летото, ги завршивме летните одмори и се вративме на работа, училиште или сите оние обврски за кои есента е предвесник.
Ова не важи за ТВ водиотелката Елена Стојановска Јанковска. Додека сите одмараа и уживаа на море, Елена беше на работа и тоа од ранина на утринската програма на Сител.
Сега редот и дојде нејзе и тоа на октомвриски одмор заедно со сопругот во далечната Африка. Изборот на дестинацијата посебен – Сејшели.
Тропски рај со најмекиот бел песок и тиркизно пространство на Индискиот океан. Ова ќе биде одмор, но и роденден за паметење, бидејќи водителката токму таму го прослави својот 43-ти роденден.
Опкружена со природна убавина и многу љубов, Елена со роденденско колаче во раката, се насмеа на животот за она што го има и е неимерно благодарна.
Авантура, егзотика и многу љубов, се’ она што е потребно за еден и повеќе од совршен одмор од соништата.
Среќен роденден!
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Стојановска Јанковска