Радио Милева Совршена линија

Елена Стојановска е сирена среде морската шир: Костимот за капење совршено лепи на неа (фото)

Елена Стојановска е сирена среде морската шир: Костимот за капење совршено лепи на неа (фото)

Летните одмори се во полн ек иако веќе се ближи крајот на месец август, а веќе уште уште од средината на мај познатите ја отворија летната сезона, па го распослаа својот сексапил во бикини.

Некои порано, некои подоцна го искористија убавото топло време, се организираа со пријателите и саканитер и ја избраа посакуваната дестинација.

Водителката Елена Стојановска имаме прилика секој ден да ја гледаме на утринската програма на Сител телевизија каде што од раните утрински часови е тука за гледачите и е подготвена да ги известува за новите случувања.

Но, секој има пауза од работа, особено за време на летните одмори, а дојде ред и Елена да се одмори покрај вода на плажа. Таа најпрво беше во Италија, а сега ужива со ќерката и сопругот на остров во Грција.

Иако на ТВ екраните имаме прилика да ја видиме во елегантни изданија кои и одговораат на нејзината линија, а и се во согласност со нејзината професија, овој пат водителката се покажа малку во поразлично светло.

Имено, таа одлучи да здивне од секојдневната рутина и раното утринскко будење пред екраните го замени со заслужен одмор.

Стојановска на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира на бродската палуба заедно со ќерка си и носи во бел костим за капење кој совршено и прилега.

Елена во секакво издание изгледа прекрасно, па и вака подразголена покажа дека има совршена линија со која гордо може да се пофали.

Сигурно водителката ги наполни батериите, па на работните обврски ќе се врати со полна енергија.

фото:Инстаграм/Елена Стојановска

To top