ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски се најде во панична ситуација во трговскиот центар „East Gate“.
Имено, таа и нејзниниот соработник тргнаа да снимаат видеа и да направат фотографии за најновите рекламни ангажмани од инфлуенсерските активности, но истото не им тргна ниту со лесно, ниту на арно.
Имено, таман тргнале во акција, на разглас неочекувано и страшно известување до посетителите – дојава за бомба!
Таман кога ќе подзаборавиме дека серијата дојави на бомби насекаде низ земјава завршила, тогаш повторно се случува и остануваме затекнати, испаничени, шокирани. Елена појасни дека за првпат се наоѓа во таква ситуација и дека било страшно и морничаво.
-Таман фино си почнавме си фаќаме кадри за „реел“ и ооооп… на разглас дојава за бомба во „East Gate“. Добри сме да не не мислите. Ама за првпат се најдовме во ваква ситуација и беше „језиво“, раскажа Елена во описот на неколкуте „сториња“ на својот профил.
А кога панкиата помина, теренот проверено чист и безбеден, Елена и соработникот се вратија назад да го завршат започнатото.
Веројатно не им беше сеедно, ама веќе како искусни во ситуацијата што за сечија среќа како и секогаш досега… е лажна!
фото: Инстаграм/Елена Најдоски/принтскрин