Броиме ситно до старата и почетокот на Нова година, а веќе се чувствува новогодишната еуфорија.
Градот веќе е новогодишно украсен, а новогодишната еуфорија се чувствува и во домовите на познатите. Некои од јавните личности ја украсија новогодишната елка, а на социјалните мрежи се пофалија како изгледа нивниот дом во новогодишното руво.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-stefanovska-pokaza-novogodishen-detalj-od-svojot-dom-foto/
При крајот на годината, најчесто ги собираме впечатоците од старата година и по што ќе ги паметиме изминатите 365 дена, а исто така си посакуваме и нови желби за следната година која сакаме да ни биде среќна и бериќетна.
Елена Стефановска за себе може да се пофали дека 2019 година за неа беше успешна како на професионален, така и на приватен план. Патувања на разни дестинации, промоција на брендови, нови соработки, но и успеси на љубовно поле ја одбележаа измаинатата година на водитлката.
Имено, таа оваа година пред јавноста за првпат го покажа своето момче Бојан Најдоски.
Деновиве, Стефановска на својот „Инстаграм“ сподели дека е подготвена за нови успеси за неа и откри кои се нејзините желби за 2020.
„Испраќаме уште една година, влегуваме во нова декада. Подготвени сме за нови почетоци, нови успеси, но и предизвици. Подготвени сме за нови очекувања и желби, за уште една радосна и просперитетна година.
Посакувам бесконечно многу прегратки и бакнежи! Ви посакувам љубовта да ви остане најубавото чувство на светот, да ја подарувате и да ја примате секој ден! Во овој празничен период сѐ е дозволено и сѐ е магично!, напиша Стефановска на социјалните мрежи.