Елена Ристеска со крајот на 2022 година и првите мигови од Новата 2023-та и се врати на својата музичка кариера.
Неодамна издаде песна по долга пауза, пееше на отворено на предновогодишни забави, потоа на новогодишна емисија заедно со колешката Каролина Гочева, а и Нова Година ја гочека со микрофонот во рака од дочекот на плоштад „Македонија“ каде ги забавуваше скопјани.
View this post on Instagram
Ја немаше на музички план речиси воопшто, а наеднаш се пушти на најјако.
Медиумите ја третираа и кога козметичката линија и беше во прв план, а сега кога и на музички план е активирана, јасно е дека и медиумски е позастапена.
View this post on Instagram
Па така, во нејзниното најново интервју за „Женски магазин“ зборуваше за времето кога пред 20 години победни на М2, па се до денес. Приватноста не беше заобиколена, а и самата сакаше да се изјасни по тоа прашање за сите душегрижници да не ја мислат, па вели:
View this post on Instagram
-Често ќе чујам за себе зборови дека не можам да се реализирам на приватно поле, меѓутоа грешат, јас не сакам! Огромна е разликата, јас можам како јавна личност посакувана од илјадници луѓе да реализирам што сакам и со кого сакам, но, не сакам да влезам во просечни приказни. Исклучиво нешто што вреди може да застане рамо до рамо со мене, меѓутоа тоа што вреди по мои параметри, а не туѓи. Јас бирам, не ме бираат мене, вели Ристеска за споменатиот медиум и со тоа алудираше дека селективноста и е силна страна која секако доаѓа со гостините и искуството.
фото:Инстаграм/Елена Ристеска/stefan.rajhl