Многумина се сеќаваат на учеството на македонската пејачка Елена Миленковска во „Ѕвездите на Гранд“ во изданието 2019/20 година.
Но, нејзиното учество под менторство на Ана Бекута набрзо прекина поради бременоста која и се случи од љубовта со српскиот пејач и исто така учесник во „ЅГ“ Александар Гуте Маринковиќ.
Откако се породи и стана мајка, Елена не чекаше многу за повторно да се пријави.

Таа минатата епизода се натпреваруваше како нов кандидат во четвртиот круг под менторство на Мили и со поддршка на сопругот кој беше во друштво на водителот Војо Недељковиќ.

Елена ги отпеа „Продужи даље“ и „Тако ми и треба“, а она што следуваше ги „замрзна“ и Елена и Гуте.
Имено, таа доби само два гласа, што значеше дека не може да остане понатаму.
По таквата непријатна неизвесност, жирито кажа дека само се шегува, па имаше прегласување, а Елена доби пет гласови со што останува да ја гледаме понатаму до каде ќе стигне.
За потсетување, откако се омажи Елена Миленковска живее во Србија заедно со сопругот и синчето Максим.