Презентерката на временската прогноза на „ТВ Телма“, Елена Манојловски е онаа на која гледачите и веруваат кога ја соопштува временската прогноза, за тоа каво е и каво ќе биде времето во наредните денови. Иако календарски оддамна е есен, летото по се’ изгледа никако нема намера да си замине. Сончевите денови и високите температури ја ставија во недоумица згодната презентерка, па таа излезе во природа, лично да провери и да се увери, какво ќе биде времето до крајот на месецот.
Од сончевите зраци и високите температури невообиичаени за овој период на годината, најпрвин се вжештува асфалтот. Велат црната боја најмногу ја привлекува топлината, па атрактивната Елена реши да проба дали е таа теза точна. Доволно разголена и самата се облече во црна маичка со гол грб и темни фармерки, па својата секси позадина ја смести на асфалтот. Обично топлината ја впиваат најиспакнатите делови на телото, кои ако доволно не ги заштитите или навреме не ги засолните под сенка, први горат.
За да не и изгорат, сексапилната Елена откако се увери дека сонцето доволно го загреало асфалтот, набрзина замина да провери како стојат работите со сувата земја. Дожд ниту за лек, а земјата избраздена од силните пукнатини како последица на долгата летна суша. А, на неа презентерката распослана во нова уметничка поза, во раскопчана кошула и од горе и од долу, со доволно длабоко деколте како контраст помеѓу „сувата земја и влажните погледи“!
Но, Елена добро знае дека на ниско и качена на високо, не е исто. Работите различно стојат во низина и на планина, па затоа презентерката проверката на времето реши да ја финишира на многу поголема надморска височина. А штом се качи – веднаш легна! Малку да се одмори малку да го почувствува благодетот на чистиот планински воздух, кого Елена забрзано го дишеше… со голо стомаче и полни гради!
И откако конечно констатираше дека летото нема намера да се повлече до крајот на месецот, се сети дека само Господ – Бог може да ни помогне… За многу нешта, па и за времето. За да падне малку дожд и да ја навлажни земјта, да биде плодна и да дари доволно род и догодина.
Затоа својата „натура – тура“ атрактивната убавица од временската прогноза на ТВ Телма ја заврши со манастирска молитва! А потоа…Одново во етер!