Раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо целосно ја изненади јавноста, бидејќи после толку години парот изгледаше толку хармонично.
По 24 години поминати заедно, Данијела и Петар решија да се разделат, а пејачот набрзо потоа се ожени за Хана Хуљиќ. Ова сигурно беше поразително за Данијела, но според сите наводи, на солзите дефинитивно им дојде крајот бидејќи и таа си најде нова љубов.
Домот на Данијела Мартиновиќ зрачи со едноставна елеганција. Декориран во минималистички стил, тој е одраз на софистицираност и добар вкус. Посебно интересен е плакарот, поточно гардеробата која е сон на секоја жена. Светло дрво и затемнети стакла, Данијела дефинитивно знае да уредува со вкус, до најмалите детали.
Нежни, женствени тонови доминираат во домот на хрватската пејачка. Покрај неизбежните уметнички слики и фотографии на ѕидот, Даниела својот простор го исполнува со дискретни украси.
И за работа и за опуштање со книга, и за дружење со пријателите, овој простор е полн со добра енергија.
Но, омиленото место во станот на Данијела е нејзината тераса, во чиј дизајн сигурно вложила еднаков труд и време.
Рустикален под од темно дрво, украсни камења и растенија – ова е место за релаксација и јога. А погледот – фантастичен!
фото:Инстаграм принтскрин/Данијела Мартиновиќ