Радио Милева со стил

Елеганција и мимимализам по вкусот на сопругата и ќерката: Ѕирнете во домот на пејачот Харис Џиновиќ (фото)

Елеганција и мимимализам по вкусот на сопругата и ќерката: Ѕирнете во домот на пејачот Харис Џиновиќ  (фото)

Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, Џина, е се попопуларна на социјалните мрежи.

Познато е дека Харис со години гради величествена вила во Сењак во која сега ужива со семејството, а делови од нивниот дом може да се видат на фотографиите кои Џина ги објавува на социјалните мрежи.

Така, имаме можност да го видиме огромниот базен кој го краси домот на Џиновиќ, а покрај кој најчесто позира Џина.

Покрај тоа, таа често се фотографира на скалите на вилата, како и во други простории.


Токму преку нејзините објави можеме да забележиме дека Харис и Мелина се погрижиле за изборот на секој детаљ и ја уредиле куќата целосно според нивниот вкус од кој доиминира минимализмот.

фото:Инстаграм принтскрин

To top