Секоја мајка ужива во времето поминато со своето чедо, но кога тоа е со ќерка со која патем може да се најде на иста фреквенција, тогаш сатисфакцијата е неопислува.
Една таква специјална врска мајка- ќерка имаат Светлана Црнокрак и нејзината прва наследничка Моника која веќе е зрела и самостојна 24 годишна девојка.
Дипломиран економист, вработена, заљубена… Моника е пресликаната убавица на мама која во слободно време сака да се занимава со примарната работна гранка во семејството – модата.
Годинава Моника ја освои титулата Мис фотогеничност на Европа што се одржа во Либан, а од убавината што и ја пренеле гените, воопшто нема дилема дека тука и нема никаква потреба од привилегија за награда.
Мама Светле и Моника неодамна позираа заедно, облечени во елегантно и шик издание. Мајката во тоалета, а ќерката во диско шик металик комплет.
Без или со повод, она што најмалку им треба е подготовка и специјална сцена за поизирање, ним едноставно тоа им е во крвта, а резултатот, убавина која хипнотизира.
Инаку, Светлана неодамна се пофали дека се стекна со уште една факултетска диплома за ПР и односи со јавност и покажа дека годините немаат врска со желбите кога нешто се сака и може.
фото: Фејсбук/Светлана Црнокрак