Живот и Стил

Експертите предупредија: Намирница која речиси сите ја јадеме, а прави хаос во нашиот организам

Експертите предупредија: Намирница која речиси сите ја јадеме, а прави хаос во нашиот организам

Без оглед на фактот што кроасаните и печивата за многумина се омилен избор, особено за појадок, нутриционистите предупредуваат дека едноставните јаглехидрати и тешката протеинска храна доведуваат до умор.

„Како резултат на тоа, човекот доаѓа на работа веќе изморен, а пред него се осум часа работа. Прженото месо е богато со протеини, но таквата храна не е погодна за појадок. Факт е дека потребно е многу време за варење поради што организмот се изморува“, објаснила нутриционистката Анџелика Дувал.

Многумина мислат дека разните каши се најздрав избор кога станува збор за појадокот. Сепак нутриционистка открива дека токму тие се преполни со едноставни јаглехидрати.

„Не е мал бројот на оние кои денот го започнуваат со каша, што е добро доколку не зборуваме за инстант варијантите. Тие се преполни со едноставни јаглехидрати кои го тераат панкреасот активно да работи и да произведува инсулин. Поради тоа што нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува, а потоа брзо се намалува, чувствуваме умор“, објаснила докторката и истакнала дека треба да се јадат житарици кои се варат, а не оние кои само се преливаат со топла вода.

„Во такви житарици јаглехидратите се сложени, не предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот. Самата житарица долго се вари, а чувството на ситост до ручек сигурно ќе биде тука“, вели Анџелика и истакнува дека печивата не се најдобри за појадок.

извор:точка.ком.мк

To top