Дали некогаш ви се случило додека се туширате да ви дојде на ум некоја одлична идеја? Веројатно сега го имаме одговорот зошто тоа ни се случува во тој одреден момент.
Со години експертите расправаат за така наречениот „ефект на туширање“ и зошто се појавува. Претходно пишувавме за научникот Мартин Корте и неговото истражување на мозокот, а сега ги презентираме резултатите од најновото истражување направено на Универзитетот во Вирџинија.
Најновото истражување успеа да ја разјасни оваа мистерија, пишува Science Alert. Експериментот што го извршиле научниците на споменатиот универзитет откри дека прекумерната концентрација на одредена задача може да биде непријател на креативноста.
Наместо да размислувате за проблемот додека не се реши, резултатите покажуваат дека е подобро да направите пауза и да правите нешто сосем поинакво, нешто што не бара поголема концентрација, како на пример туширањето.
Така умот може слободно да талка, без цел или насока. Истражувачите сметаат дека е поверојатно да смислите нешто паметно додека мислите слободно се движат.
Затоа, ако имате проблем за кој не може да најдете решение, правете нешто што ќе ве окупира како прошетка, работа во градината или туширање.
Сите овие активности се умерено ангажирање, односно не бараат голем напор, па слободното движење на мислите го олеснува патот до создавање нови идеи.
Научниците се согласни дека се потребни понатамошни истражувања за „ефектот на туширање“, но новите резултати даваат увид во тоа како благите ангажмани како туширањето можат да помогнат во процесот на создавање креативни мисли во реалниот свет.
Извор: Курир.мк