Претходната недела во медиумите во регионот се пишуваше дека Аца Лукас се смирил со неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.
Екипата на српскиот портал „Телеграф“ денес (18.01.2019) го снимила Лукас како пристигнува на белградскиот аеродром заедно со Соња Вуксановиќ со која бил на романтично патување.
За потсетување, Аца и Лукас својата врска ја започнаа во 2008 година, се венчаа во 2010, а во 2011 година ја добија ќерката Викторија.
Се разделија во 2018 година, но официјално никогаш не се разведоа.
Пред неколку дена во медиумите се појавија вести дека тие повторно се заедно и дека новогодишните празници ги поминале заедно.
Како што пренесува „Телеграф“, Соња и Аца биле на романтично патување за да ја освежат врската.
„По смирувањето, Аца и Соња одлучија да отидат некаде заедно да се одморат од сите. По враќањето на аеродром, се обидеоа да се сокријат кога ги видоа папараците и беа збунети што се случува“ вели извор.
Видеото од аеродром погледнете го тука.