Станува збор за пештера која ја оживеале двајцата браќа, Џорџ и Ставрос кои отсекогаш му се восхитувале на грчкиот остров поради неговата уникатна убавина.
Ако сакате малку поинаков одмор на Санторини, тогаш “Lava Caves” е нешто што не би требало да го пропуштите. Наместо во апартман, тука ќе престојувате во пештера која во 1870-тите години служела како дом за морнарите.
Оваа пештера ја оживеале двајцата браќа Џорџ и Ставрос кои отсекогаш биле приврзани за популарниот грчки остров. Тие одлучиле да ја преуредат пештерата и да ја претворат во традиционален, но елегантен, минималистички и функционален бисер кој го привлекува вниманието на туристите во Грција.
Некогашниот дом на морнарите со своите бисерно бели ѕидови е уреден во традиционално егејски стил. “Lava Caves” има удобна спална соба, како и дневна соба со мала кујна, приватна тераса и ексклузивен надворешно-внатрешен базен/џакузи. Затворениот дел нуди приватност, додека надворешниот дел нуди прекрасен поглед на синото море.
Објектот е оддалечен на неколку минути од стариот дворец каде што секоја вечер посетителите на Санторини и локалните жители се собираат да го гледаат величенственото заоѓање на Сонцето.
извор: точка.мк