Радио Милева штркот долета...

Екс водителот сега портпарол на МВР Гоце Андреевски стана татко: „Посакавме желба и ти ни се оствари“ (ФОТО)

Екс водителот сега портпарол на МВР Гоце Андреевски стана татко: „Посакавме желба и ти ни се оствари“ (ФОТО)

Некогашниот ТВ водител на Алфа и Телма, сега еден од портпаролите на МВР, Гоце Андреевски стана татко. Тој и неговата сопруга даниела за прв пат се остварија како родители, откако таа на свет ја донесе ќеркичката Јована.

„Посакавме желба и ТИ ни се оствари… Добредојде Јована“ – споделиле гордите родители на својот Фејсбук профил, обзнанувајќи ја радосната вест за доаѓањето на свет на нивното првороденче.

Освен најблиските, малкумина беа запознати дека сопругата на некогашниот водител е во „блажена состојба“, па обзнаната дека „штркот слетал“ и во нивното семејно гнездо со пелените во клунот во кои ја донел малата принцеза, помалку и ја изненади пошироката јавност.

Инаку, за потсетување, Гоце на  Даниела и приреди романтичното запросување на нивниот летен одмор во Охрид, во август 2020 година.

Убавата вест тогаш ја обелодени самата  Даниела која на својот „Фесјбук“ објави фотографија од свршеничкиот прстен.

Една година потоа, во август 2021-та Гоце и даниела стапија официјално во граѓански брак, кога според математиките, невестата веќе била  бремена со сега новородената ќеркичка Јована.

Редкацијата на Вистина.ком.мк на среќните родители им ја честита приновата!

Фото: фејсбук принтскрин/Goce Andreevski

 

 

To top