Живот и Стил

Ефикасен природен начин: Еве што да правите ако со лекови не можете да ја симнете температурата кај детето

Ефикасен природен начин: Еве што да правите ако со лекови не можете да ја симнете температурата кај детето

Во повеќето случаи, употребата на парацетамол или ибупрофен е најлесниот и ефикасен начин за намалување на температурата. Но, често се случува детето да не реагира на ниту еден од споменатите лекови или поради тешко воспаление, температурата да не се намалува лесно. Затоа сите педијатри препорачуваат туширање со млака вода и чистење со сунѓер.

Еве го најдобриот начин да го направите тоа:

Идеално би било детето да го ставите во када наполнета со млака вода, доколку детето има превисока температура и „гори“. Внимавајте водата да не е премногу студена. Не користете студена вода, бидејќи тоа ќе биде непријатно и може да предизвика реакција која може да ја влоши треската.

Потоа земете сунѓер, намокрете го и со кружни движења нежно тријте ги стомакот и грбот, а нозете и рацете истријте ги од горниот до долниот дел. Според педијатрите, оваа блага масажа ја извлекува температурата од телото, додека водата го лади. Никогаш не ставајте алкохол во водата, тој може да се апсорбира во кожата или да се вдиши, што може да предизвика сериозни проблеми, како кома.

Вообичаено, ваквата масажа со сунѓерот ја намалува температурата за еден до два степени за триесет до четириесет и пет минути.

извор:курир.мк