За сите вас кои го пропуштивте минатото заводливо издание, мало потсетување!
За сите оние кои имаат проблем со опаѓање на косата ви понудивме решенија од дерматологот Вања Битољану. Петар Вељановски, сопственик на продавница за миленичиња од лично искуство говори за тоа колку сопствениците купуваат гардероба за своите миленичиња, но даде и мислење за тоа дали дизајнерите кои ја креираат таа облека претеруваат со деталите.
Во улога на водител го поканивме долгогодишниот музички новинар од сајтот Вистина.мк, Антонио Димитриевски кој по подолга пауза од малите екрани го потсетивме како е да си водител и одчично се снајде.
Тој ви ја претстави дамата која вашиот дом може да го претвори во вистинска бајка преку своите четки, Биљана Цветанова. Антонио Димитриевски ви го претстави и познатиот метеоролог Глигор Митковски на кој сите му веруваме кога ке ја најави временската прогноза, но овој пат ни говореше за своето хоби.
И на крајот од нашиот урбан магазин за гледачите го поканивме едниствениот Да Џака Накот да ве размрда со своите пет музички предлози. Потсетете се и уживајте со последното издание на Едноставно за оваа недела!