Одржувањето на бели патики може да биде напорно, а резултатите по чистењето никогаш не можат да бидат исти како кога првпат сте ги виделе на полицата и сте решиле да ги купите. Сепак, постојат едноставни решенија со чија помош ќе можете да го одржите изгледот на вашите бели патики.
Материјалите од кои се направени патиките ќе одредат како ќе ги чистите и колку долго ќе траат, но има некои универзални чекори. Најдете време, пет минути до еден час за чистење во зависност од видот на чевлите што ги имате и колку се валкани.
За да им помогнете на чевлите да ја задржат својата форма, наполнете ги со некоја ткаенина или весник. На овој начин чевлите се полесни за ракување, а материјалите ја впиваат течноста.
Ако имате четка за чевли, користете ја за да ја отстраните нечистотијата. Стара четка за заби, мека четка за нокти или дури и мека крпа исто така ќе ја завршат работата. Целта овде е да се отстрани целата прашина и нечистотија без груби движења.
Кожни патики
Кожните патики најлесно се чистат. Земете детергент за садови и сунѓер и направете пена во сад со вода. Користете ја меката страна на сунѓерчето за да ги исчистите патиките со лесни движења. Ако се навистина валкани, свртете го сунѓерчето на другата страна и внимателно исчистете ги.
Платнени патики
Платнените патики може да бидат тешки за чистење, но можат да издржат повеќе триење. Откако ќе измешате малку сјај за миење садови и вода, со кружни движења исчистете ги чевлите со четка за заби. Кога ќе завршите, избришете ги со влажна крпа за да ја отстраните преостанатата пена. Оставете ги патиките добро да се исушат.
Плетени чевли
Овие патики се ноќна мора за чистење. Ако триете премногу силно, може да ја оштетите ткаенината. Затоа, натопете чиста крпа во вода со сапуница и нежно исчистете ги патиките. За да ја одржите структурата на патиките, работете колку што е можно повеќе во насока на плетеното. Избришете ги сите остатоци од сапун.
Извор: Курир.мк