Радио Милева како и целиот нормален свет

Едни се пронајдоа, а други ја осудуваат: Еве што прави Хајди Клум кога мисли дека никој не ја гледа (фото)

Едни се пронајдоа, а други ја осудуваат: Еве што прави Хајди Клум кога мисли дека никој не ја гледа (фото)

Познатата Хајди Клум со години ужива во бракот со Том Каулиц, музичар кој е 16 години помлад од неа, од популарниот бенд 2Токио Хотел“.

Германската манекенка, модел, водителка и жена чија убавина со години е симбол, а модните изданија се секогаш главна тема, не се плаши да го покаже својот изглед без шминка, филтри и надвор од рефлекторите.

Таа била фотографирана од папараците додека заедно со сопругот го носела кучето на ветеринар и во таа прилика била облечена во едноставна сина тренерка и била без шминка. Многумина коментираа дека познатата манекенка не личи на себе и дека таа не е личноста од црвениот тепих.

Хајди не се грижеше за фотографите и лежерно шеташе со разбушавена коса обликувана во мала горна пунџа. Нејзиниот сопруг беше на сличен начин, па и тој се одлучи за тренерка, додека Хајди синиот аутфит го усогласи со шарени влечки.

Сè на сè, двајцата изгледаа како многу обичен пар кој ги извршува секојдневните обврски, без сјај и гламур, што за многумина беше голем плус кога станува збор за јавните личности, додека други сметаа дека е премногу опуштена и надвор од карактерот.

фото: Instagram printskrin/BRUCE/JAVILES / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

To top