Деновиве пред нас, а и оние што следуваат се вистински празник за нашите познати ТВ водителки Јелена Спенџарска и Елена Стефановска, како и за македонските љубители на домашната мода.
Јелена и Елена досега многупати докажаа дека секој момент е создаден за перфектна комбинација која одговара на нивната внатрешна енергија и начин на функционирање. Двете постојано се пред камери, а тоа бара и посветеност во поглед на гардеробата, а дека маестрално знаат тоа да го изведат самите како лични стилисти, потврдуваат нивните секојдневни модни комбинации кои ги објавуваат на социјалните мрежи.
По повод Модниот викенд кој му се случува на Скопје, Јелена и Елена не пропуштија да бидат дел од модната публика и тоа дотерани во специјални изданија.
Спенџарска се појави во впечатлив фустан со ултра висок шлиц и црна бунда, додека Стефановска се одлучи на себе да облече едноставен коктел фустан кој го дополни со транспарентно здолниште со точки во кое блесна во сиот свој сјај.
Веруваме дека само еден ден на Моден викенд нема да им биде доволен за задоволување на модните апетити и изборот на парчиња од домашните дизајнери, така што очекуваме да ги видиме и на наредните ревии.