Радио Милева драг спомен

Еднакво провокативна и 30 години подоцна: Бујната Памела Андерсон во истото бикини како од „Чувари на плажата“ (фото)

Еднакво провокативна и 30 години подоцна: Бујната Памела Андерсон во истото бикини како од „Чувари на плажата“ (фото)

Познатата русокоса Памела Андерсон призна дека задржала еден од познатите црвени костими за капење кои ги носела во текот на петте сезони на серијата „Чувари на плажата“ и открила дека сака да го пробува во секој момент.

Холивудската актерка Памела Андерсон со секси фотографија се потсети на улогата во популарната серија „Чувари на плажата“ од 90-тите.

Актерката го облече препознатливиот црвен костим за капење, каков што носеше во серијата и покажа завидна фигура. Фотографијата е создадена како дел од соработката на Памела со брендот за костими за капење.

Памела беше таа што го популаризираше овој модел кога глумеше спасителката Си Џеј Паркер. Андерсон чуваше еден од оние црвени костими за капење кои ги носеше пет сезони на снимање и откри дека и понатаму сака да го пробува одвреме-навреме.

– Тогаш имав пар. Сега имам само едно, и ми одговара – изјави таа во емисијата Entertainment Tonight.
Памела своевремено беше една од најпознатите девојки на Плејбој, а во кариерата се појави на дури 151 насловна страница.

Таа требаше да глуми покрај холивудските великани Ерик Робертс и Вилијам Болдвин, а нејзиното појавување во продолжението на серијата, според медиумите, не е изненадување бидејќи ги има истите агенти како Робертс и Болдвин.

Се уште не е познато која улога ќе и припадне на Памела, но шпекулациите за доаѓањето на големата ѕвезда ги потврдија и продуцентите на филмот.

фото:Baywatch Co/Tower 12 Prods USA Television/Shutterstock/Instagram printscreen

To top