Стресот е еден од најголемите предизвикувачи на срцеви заболувања. Современиот живот нѝ го диктира забрзаното темпо и големата количина на стрес со кој се соочуваме, а во целата трка најчесто страда срцето.
Овој народен еликсир може да ја ублажи аритмијата и да ја намали болката предизвикана од ангина пекторис.
За подготовка ви се потребни:
– 10 свежи стебленца од магдонос (без корени)
– 1 литар домашно црвено вино
– 2 лажици вински оцет
– 300 гр. природен мед
Начин на подготовка:
Ставете 10 свежи стебленца од магдонос заедно со листовите во 1 литар чисто природно вино и додајте 1-2 лажици чист вински оцет, а потоа варете 10 минути на тивок оган.
Потоа додадете 300 гр. природен мед и оставете да се вари на тивок оган уште 4 минути. Процедете го врелото вино и ставете го во шишиња кои претходно ќе ги дезинфицирате со високопроцентен алкохол.
Талогот кој ќе се формира не е штетен и може слободно да се консумира.
Примена:
Напитокот се користи секој ден, по 1 супена лажица додека не престанат тегобите. За посериозни болести, потребно е да се користи подолг временски период.
Напомена: Пред употребата на овој народен лек, задолжително консултирајте се со лекар.
извор: Курир.мк