Пејачката Едита Арадиновиќ гостуваше во подкаст, каде призна што е најлудото нешто што го направила во љубовта. Таа се присетила на моментот кога го фатила во лага еден од нејзините дечковци, по што му го скршила телефонот и ја изела сим-картичката.
Имено, пејачката еднаш пронашла пораки од друга девојка во телефонот на нејзиниот партнер, а тој се обидел да се оправда дека не ја изневерил, а потоа излажал дека телефонот е изгубен. Меѓутоа, додека биле заедно, момчето на Едита добило порака од споменатата девојка, што ја збеснало.
Најдов пораки во неговиот телефон, лажеше дека не ме измамил, му верував. Направил приказна дека му паднал телефонот, дека го нашле некои ватерполисти и го вратиле. Доби порака од неа, го зедов телефонот, го скршив и ја изедов сим-картичката, а не беше микро-сим, туку поголема, рече Едита.
Оваа исповед на пејачката стана вирална на социјалните мрежи, а иако таа веќе зборуваше за ова пред неколку години, сите секогаш се смеат и неверуваат дека навистина ја изела сим картичката на дечкото.
Фото: Принтскрин/Тв Пинк/Инстаграм/Едита Арадиновиќ