Дијабетесот е болест која се карактеризира со зголемена концентрација на шеќер во крвта и недостаток на инсулин, хормон кој овозможува користење на шеќер внесен во телото, кој го одржува нивото на шеќер во крвта на оптимално ниво.
Месецот ноември е признат за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.
Дијабетесот е болест која се карактеризира со зголемена концентрација на шеќер во крвта и недостаток на инсулин, хормон кој овозможува користење на шеќер внесен во телото, кој го одржува нивото на шеќер во крвта на оптимално ниво.
Дијабетесот или шеќерната болест се нарекува и глобална епидемија бидејќи бројот на болни луѓе во светот расте до нивоа што беа незамисливи пред само неколку децении. Постојат повеќе причини за оваа појава, а најзначајна е промената во начинот на живеење, која се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.
Постојат многу различни знаци кои може да укажуваат на тоа дека личноста боледува од дијабетес, но еден симптом многу луѓе не го поврзуваат со оваа хронична болест, предупредуваат лекарите. Како што откриваат, станува збор за темни пазуви.
Имено, темните дамки под пазувите, но и на задниот дел од вратот или препоните можат да значат дека има премногу инсулин во крвта, oва често е знак за преддијабетес, а медицинското име за оваа кожна состојба е Acanthosis nigricans.
Освен овој необичен симптом кој често е еден од најраните, други знаци кои предупредуваат на дијабетес вклучуваат зголемена жед, често мокрење, замор, заматен вид, бавно зараснување на раните, намалено чувство и трнење во рацете и нозете.
извор:курир.мк
фото:freepik