Свршеницата на познатиот фудбалер Кристијан Роналдо, Џорџина Родригез, се појави на филмскиот фестивал во Венеција во впечатливо модно издание со кое собра многу погледи, позитивни, но и негативни критики.
Таа првпат на црвениот килим зачекорила на премиерата на филмот „Enea“ каде се појавила во елегантен стајлинг.
Нејзиниот избор бил „couture“ фустан во соработка со дизајнерот Гурама Гвасаље којшто стои зад брендот „Vatements“ и либанскиот креатор Ели Сааб.
Џорџина своето издание го надополнила со бели сатенски ракавици и ефектен „чокер“ ѓердан, но впечатокот го расипал нејзиниот избор на обувки.
Партнерката на Роналдо носела кратки, лакирани чизми на висока потпетица го готик стил кои секако дека се во тренд сезонава, но сепак не се најдоброто решение кое се вклопува во овој елегантен фустан, а се согласија и модните критичари.
Како Ви се допаѓа Вам?
фото:Инстаграм принтскрин/ Јутјуб