Некогашната „Ѕвезда на Гранд“, пејачката Сања Стојановиќ по разводот реши да се врати на естрадата иако имаше осум години пауза, па затоа има посебна порака за сите жени.
„Заради нашите нарушени односи јас и сопругот решивме да ставиме крај на нашиот брак. Јас не би се враќала на тоа сега. Сакам да гледам само напред, во позитивните работи, но што е најважно, се чувствувам добро. Мојата кариера почнува одново, се одвива и оди нагоре, реакциите на новата песна се многу позитивни, настапите за следниот период се веќе закажани, така што нема простор за лоши мисли и емоции во мојот живот. Го напуштив нашиот заеднички стан. Децата се добри, тие ја прифатија ситуацијата и тие се сега со мене, што ми е најважно“ – беше јасна пејачка која упати порака до сите жени.
„Би им порачала на сите жени, без разлика дали се разведени или во брак, кој навидум е среќен, а всушност тие се единствените кои не се среќни… Жени, немојте да страдате и трпите! Бидете сами на себе први! Подобро да бидете среќно разведени отколку несреќно мажени, така што не мора да страдате ништо или да трпите некого.
И покрај разводот, не изгубив верба во љубовта, верувам дека некаде мојот принц ме чека, но сега не размислувам за тоа“.