Промотер

Џулијана со секси видео за новиот сингл – „Ay, аy“ (ВИДЕО)

Џулијана со секси видео за новиот сингл – „Ay, аy“ (ВИДЕО)

Од работилницата на хитмејкерот Роберт Билбилов излезе уште еден потенцијален хит, овој пат во изведба на босанско-кубанската ѕвезда во подем, Џулијана Јовановиќ.

Музичарите ја започнаа плодната соработка минатата година и како резултат од сето тоа се родија темите „Do it right“ и  „Nobody’s Slave“, а сега на ред доаѓа „Ay Ay“.

Станува збор за песна во веќе препознатливиот ар-ен-би стил на Џулијана, која самата се потпишува како авторка на стиховите, додека музиката, аранжманот и продукцијата се на Билбилов.

Видеото, пак, е дело на веќе докажаниот автор, продуцент и режисер Даниел Јовески, а како изгледа и звучи сето тоа можете да дознаете во продолжение.

To top