Холивуската актерка Џулија Робертс според пишувањето на странските медиуми, се разведува од 50 годишниот сопруг Даниел Модер.
Имено, анонимен извор за „National Enquirer“ изјавува дека сопружниците се на работ на развод кој би можел да ги чини 200 милиони долари поради кавга која избила за време на една прослава, а причината била неговиот недоволен труд.
-Џулија очекуваше голема прослава за роденден, а Дени тотално потфрли во тој сегмент, па го обвини дека воопшто не му е дојдено до неа. Караницата ескалирала, а Даниел бил истеран од нивниот заеднички дом, вели извор близок на двојката.
Покрај тоа, како што наведува изворот, на сите начини, години наназад, тие се обидувале да го спасат 17 годишниот брак, но ништо ефикасно не помогнало. Исто така, тврди и дека нивната љубов е една од оние кои имале краток рок на траење, пренесува Стор.хр.
фото:гуливер/гети имиџис