Радио Милева

Џорџ и Амал Клуни славеа пет години брак, таа блескаше, но неговиот изглед потфрли

Џорџ и Амал Клуни славеа пет години брак, таа блескаше, но неговиот изглед потфрли

Една од „најмоќните“ двојки на светот вчера ја прослави својата петта годишнина од бракот.

Во прашање се адвоката Амал и актерот Џорџ Клуни, кои се синоним за хармоничен брак во Холивуд.

Папараците ги „фатија“ во Њујорк кога излегоа на вечера во еден популарен и луксузен ресторан.

фото:инстаграм/принтксрин

И додека Амал беше облечена во кожни црни панталони и елегантен бел корсет, Џорџ беше облечен едноставно, односно во фармерки и црна кошула со кратки ракави, а со тој изглед воопшто не беше модно складен со сопругата како по обичај.

Двојката малку се насмевна на фоторепортерите, а потоа продолжија на пат да го прослават важниот датум за нив.

фото:профимедиа

Фотографиите го обиколија светот за кусо време и скоро сите коментираат дека Амал изгледа подобро од кога било, оставајќи впечаток дека љбовта цвета меѓу нив.

фото:профимедиа

Инаку, љубовната приказна помеѓу адвоката и актерот започна во 2013 година. Двојката се запознала во куќата на актерот на езерото Комо, Италија, благодарение на взаемниот пријател. Истата вечер, Амал се сретна и со родителите на нејзиниот иден сопруг. Забремени во 2016 година и ги донесе близнаците Ела и Александар на свет во 2017 година, иако актерот не планираше деца.

To top