Пејачката и актерка Џенифер Лопез одлучи да ги израдува фановите со видео запис за новата песна „In The Morning“, а она што беше снимено израдува многумина.
Латино дивата се соблече целосно гола!
Во новото досега најпровокативно видео, славната пејачка ќе ја видиме целосно гола со ангелски крилја.
Во моментите кога станува збор за одблизу, згодната 51-годишна дива успева да ги покрие градите и гениталиите со вешто изведени пози, но сè е сепак многу провокативно и видливо.
View this post on Instagram
Ги изненади сите кога покажа како би изгледала русокоса, а во текот на целата нејзина кариера немавме можност да ја видиме со платина боја на коса.
Инаку, Џеј Ло сподели краток тизер од видеото на својот профил на Инстаграм, објаснувајќи ја нејзината симболика и пораката што ја носи.
View this post on Instagram
“Јас сум толку возбудена што имам видео запис за оваа песна пред вас. Полн е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да смените никого … Вие само можете да се промените! Раширете ги крилјата и оддалечете се од никого или од што било кој навистина не цени се што имате да понудите “, напиша таа.