Победничката од 13-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“, младата Џејла Рамовиќ, откако ја освои статуетката е главна тема во целиот регион.
17 годишната Босанка пред себе има бурен период кој и го носи популарноста, а од она што најмногу се плаши вели дека се скандалите во медиумите.
Некој поболем скандал по победната не се појавил, но затоа разни информации поврзани со нејзината приватност, веќе се провлекуваат.
Па така, една од таквите беше поврзана со нејзиниот изглед, одосно сребрената тоалета во која настапи на финалето – стајлинг кој за неа го направи сестрата на Наташа Беквалац, модната дизајенрка Кристина Беквалац.
Она што медиумите забележаа е дека Џејла носеше речиси ист фустан како оној што карлеуша го имаше на себе минатата година на финалната вечер. Во врска со ова Џејла изјави:
-Не знаев дека таа веќе носела ваков фустан! Тоа значи дека не сум погрешила во изботот, завршува Џејла.
Карлеуша ова не го искоментира, но затоа беше многу гласна во коментарите по победната на Џејла на која не и честиташе непосредно, туку еден ден подоцна преку социјалните мрежи.