Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ вели дека ретко зборува за својот приватен живот затоа што сега е фокусирана само на нејзината кариера.
„Едноставно не сакам да го правам тоа, затоа што решив да го градам мојот старт на сцената со музика и да се држам на тоа. Јас не се водам себеси дека морам да направам некој скандал за да бидам успешна, во тренд и прва во медиумите“, рече таа за „ИДЈТВ“.
„Максимално тоа го заобиколувам и се обидувам да изградам кариера како што тоа го сторив на почетокот и се надевам дека така ќе остане. Да биде сталожено, убаво, без некои ексклузивни и скандалозни драми. “, додаде Рамовиќ.